Што е ФИДА?ТехнологијаВидео туторијалКориснициКонтакт
Најави се
MK|ENG
Hero BackgroundHero Left ImageHero Side ImageHero Footer Image
Left Part Image
What is FIDA Title

ФИДА е напредно софтверско решение дизајнирано да го револуционизира процесот на подготовка на јавни набавки, обезбедувајќи законска усогласеност и интегритет. 

Поддржана од напредни технологии како анализа на големи податоци и машинско учење, ФИДА автоматски ги проверува документите за јавни набавки според правните стандарди, идентификувајќи законски отстапки и сигнализирајќи потенцијални коруптивни елементи во процесот јавни набавки.

ФИДА постојано се развива, прилагодувајќи се на нови регулативи и подобрувајќи ги своите модели за машинско учење врз основа на реалните податоци од докуметите во јавните набавки.

~60%

Процент на успешност - законско усогласени јавни набавки

82

Корисници

7500+

Обработени јавни набавки

Зошто ФИДА е технолошки лидер?

Законска усогласеност водена од вештачка интелигенција (ВИ)

Законска усогласеност водена од вештачка интелигенција (ВИ)

ФИДA користи напредни модели за машинско учење и обработка на природен јазик за анализа на документите за јавни набавки со цел законска усогласеност, значително намалувајќи ги човечките грешки и зголемувајќи ја ефикасноста.

Детекција на отстапки во реално време

Детекција на отстапки во реално време

ФИДА овозможува детекција на потенцијални законски отстапки во реално време, означувајќи проблематични  делови во документите за јавни набавки пред да прераснат во поголеми проблеми.

Интеграција на големи бази податоци

Интеграција на големи бази податоци

Со интегрирање на големи сетови на податоци од јавно достапни документи за јавни набавки, ФИДА овозможува сеопфатна анализа која ги споредува новите документи за јавни набавки со постоечките идентификувајќи ги законските отстапувања што може да укажуваат на корупција.

Адаптивно учење и континуирано подобрување

Адаптивно учење и континуирано подобрување

ФИДА водена од вештачката интелигенција има способност да учи од постоечките и новите јавни набавки, постојано усовршувајќи го своето разбирање, обезбедувајќи флексибилност и прилагодливост на нови политики и регулативи.

Интуитивно корисничко искуство

Интуитивно корисничко искуство

И покрај напредната технологија, ФИДА нуди лесен за користење интерфејс кој го поедноставува прегледувањето, уредувањето и преземањето на анализираните документи во подготовката на јавните набавки, правејќи ја достапна за корисници со различни нивоа на техничко знаење.

Прилагодливост на различни правни системи

Прилагодливост на различни правни системи

ФИДА може да се прилагоди на специфичните правни и регулаторни контексти на различни држави, обезбедувајќи релевантни увидувања согласно националните и интернационалните закони и стандарди за набавки.

Како да ја користиш ФИДА?

Организации кои ја користат ФИДА

Државен завод за ревизија
Општина Аеродром
Општина Валандово
Општина Штип

"Со задоволство можам да кажам дека нашата општина е меѓу првите институци кои ја користат ФИДА како напредниот систем за законска усогласеност при подготовка на јавните набавки. Овој систем не само што обезбедува целосна транспарентност и усогласеност на сите наши процеси на набавка, туку исто така ја зголемува нашата способност за рано откривање и спречување на корупцијата. Со ФИДА во функција, градиме поголема доверба од нашите граѓани, демонстрирајќи ја нашата посветеност кон интегритетот, отчетноста и доброто управување."

"Со задоволство можам да кажам дека нашата општина е меѓу првите институци кои ја користат ФИДА како напредниот систем за законска усогласеност при подготовка на јавните набавки. Овој систем не само што обезбедува целосна транспарентност и усогласеност на сите наши процеси на набавка, туку исто така ја зголемува нашата способност за рано откривање и спречување на корупцијата. Со ФИДА во функција, градиме поголема доверба од нашите граѓани, демонстрирајќи ја нашата посветеност кон интегритетот, отчетноста и доброто управување."

Дејан Митески

Градоначалник @ Општина Аеродром

ФИДА е повеќе од само алатка за законска усогласеност и интегритет во јавните набавки – таа е проактивен чувар на јавната доверба, промовирајќи транспарентност, отчетност и добро управување во практиките за јавни набавки во Република Северна Македонија

ФИДА ви е потребна на вашата организација?

Побарајте предвремен пристап и бидете еден од првите кои ќе го користат системот за законска усогласеност и интегритет во јавните набавки

FIDA Logo

© 2025 Услови за користење |

Политика за приватност |

Често поставувани прашања

Развиено од:


Blink Logo

Поддржано од:


British Embassy Skopje LogoUK International Development LogoWFD Logo